Агресивната трговска агенда и острата реторика на Доналд Трамп кон Европа предизвикаа тектонски поместувања на Стариот континент. Европските сили забрзано се обидуваат да се прилагодат на новата американска надворешна политика која вклучува и драстични промени во воената стратегија.
Германија веќе реагира со значително зголемување на своите одбранбени капацитети, додека Франција уште погласно инсистира на концептот за „стратешка автономија“ од САД. Од друга страна, Обединетото Кралство се обидува да балансира преку фокус на трговските односи и одржување на координацијата за Украина.
Додека Европа бара чаре, Америка е длабоко поделена. Поддржувачите на Трамп ја гледаат оваа агресивност како позитивна сила, додека мнозинството гласачи на Камала Харис сметаат дека САД играат негативна улога, што укажува на сериозен внатрешен раздор околу глобалната улога на суперсилата.

