Жителите на улицата „Наум Наумовски Борче“ во општина Центар утре ќе се соочат со прекин на водоснабдувањето. Според известувањето од ЈП „Водовод и Канализација“, без вода ќе останат корисниците на потегот од улицата „Ленинова“ (сегашна „Аминта Трети“) до улицата „Орце Николов“.

Прекинот ќе започне во 10:00 часот и ќе трае сè додека екипите не завршат со планираните активности.

Причината за прекинот е технички зафат за изведување на нов водоводен приклучок со профил ф-80 мм на соседната улица „Пиринска“ бр. 49.

Exit mobile version