Турската национална разузнавачка агенција (МИТ) спроведе успешна операција во која е уапсен Мехмет Горен, еден од клучните лидери на ИСИС-Хорасан. Горен, познат под кодното име „Јахја“, се смета за главен организатор на самоубиствени напади насочени против цивили во Турција, Европа, Пакистан и Авганистан.

Според безбедносни извори, со ова апсење директно се спречени плановите на терористичката организација за напади за време на новогодишните прослави.

„Герен беше уапсен во граничната област меѓу Авганистан и Пакистан и префрлен во Турција по сложена операција. Разузнавачките агенции открија дека тој се согласил да изврши самоубиствени напади и се искачил на лидерска позиција по обуката во терористички кампови“, потврдија турските власти.

Паралелно со ова, во Анкара е разбиена и мрежа за финансирање на Исламската држава. Обвинителството издаде налози за апсење на 10 лица кои префрлале пари на борци во Сирија преку банкарски дознаки маскирани како „помош за заробени сестри“.

Exit mobile version