Close Menu
Press24
    Најново

    Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности

    10.06.2026 во 23:43

    Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани

    10.06.2026 во 23:30

    На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани

    10.06.2026 во 23:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности
    • Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани
    • На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани
    • ЦУК со детали: Беснее пожар во Штип – поради ветрот широко се проширил
    • ВИДЕО од големиот пожар во Штип
    • Голем пожар над Штип – градоначалникот свика итна прес-конференција
    • Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат
    • Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Претепани деца, татковци и мајки – приведени насилници во Скопје, Велес, Гостивар и Куманово

    Претепани деца, татковци и мајки – приведени насилници во Скопје, Велес, Гостивар и Куманово

    01.06.2026 во 16:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Шест лица лишени од слобода, вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие

    На 31.05.2026 во 17:55 часот во Полициската станица Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Н.(36) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички го нападнал неговиот 60-годишен татко.

    На 01.06.2026 во 00:15 часот во СВР Штип, 25-годишна жена од село во општина Карбинци пријавила дека на 31.05.2026 во 17:30 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Ш.М.(45). Според пријавеното, претходниот ден тој физички ги нападнал нивните малолетни деца. Таа и малолетните деца се предадени на Центарот за социјални работи Штип.

    На 31.05.2026 во 23:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.М.(26) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејната куќа во Куманово физички ја нападнал 16-годишната ќерка на неговата вонбрачна сопруга.

    На 01.06.2026 во 00:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Ф.Д.(53) од Велес, постапувајќи по пријава од Центар за социјални работи Велес дека по кратка расправија физички го нападнал неговиот 16-годишен син. По преземени мерки било констатирано дека Ф.Д. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,87 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител.

    На 31.05.2026 во 21:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода А.А.(34) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во домот им се заканувал на неговите родители. Според пријавеното, ваквите настани се случувале подолг временски период. По преземени мерки било констатирано дека А.А. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 0,87 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител.

    На 31.05.2026 во 13:45 часот во Полициското одделение Жеровјане, полициски службеници го лишија од слобода Р.С.(38) од тетовско село, постапувајќи по претходна пријава од неговата 56-годишна мајка дека по кратка расправија физички ја нападнал.

    На 31.05.2026 во 21:35 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници го лишија од слобода В.П.(42) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од неговата 38-годишна сопруга од Гостивар, со која се во бракоразводна постапка, дека по кратка расправија, физички ја нападнал и ѝ го оштетил возилото.

    Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

    Прочитај повеќе

    Татко од Велес подолг период ги малтретирал и тепал неговите ќерки

    10.06.2026 во 18:16

    Физички нападнал сограѓанин кој се онесвестил: Кривично гонет 36-годишен кривопаланчанец

    10.06.2026 во 16:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.