Close Menu
    Најново

    Премиерот на Белгија до Трамп: Ти си гладна гасеница

    21.01.2026 во 17:32

    Средба Хоџа–Солстром: Шведска – клучен партнер во еколошките реформи

    21.01.2026 во 17:23

    Трамп од Давос: Итно го сакам Грендланд

    21.01.2026 во 17:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Премиерот на Белгија до Трамп: Ти си гладна гасеница
    • Средба Хоџа–Солстром: Шведска – клучен партнер во еколошките реформи
    • Трамп од Давос: Итно го сакам Грендланд
    • Јаневска: Стратегијата за образование 2026-2032 ќе обезбеди поквалитетен национален образовен систем
    • Србија потпиша во Давос: Летачки такси возила пристигнуваат во Белград
    • Драма во Грчец: Група луѓе упаднале во куќа, физички нападнале момче и ја одвеле неговата девојка
    • Владимир Панчевски во трка за Државен јавен обвинител: Поднесена кандидатура до Собранието
    • Македонец пронајден мртов после 22 години потрага
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Премиерот на Белгија до Трамп: Ти си гладна гасеница

    Премиерот на Белгија до Трамп: Ти си гладна гасеница

    21.01.2026 во 17:32
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Белгискиот премиер Барт де Вевер упати остра критика кон американскиот претседател Доналд Трамп, споредувајќи го со „гладна гасеница“, во контекст на неговите изјави и закани поврзани со Гренланд.

    Како што пренесува белгискиот медиум Метро, де Вевер оцени дека времето за дипломатско убедување на Вашингтон е завршено и дека таквиот пристап веќе станал контрапродуктивен.

    „Доста е. Европа мора да се соочи со Доналд Трамп, ‘гладната гасеница’“, изјави белгискиот премиер.

    Тој ги повика европските држави сериозно да ги зајакнат сопствените одбранбени капацитети, со цел да бидат подготвени за можноста од американска воена интервенција во Гренланд.

    Според де Вевер, дојдено е време дипломатската реторика и апелите да се заменат со конкретни мерки насочени кон заштита на европските интереси.

    Овие изјави следуваат по серија провокативни пораки од Вашингтон во врска со статусот на Гренланд. Доналд Трамп претходно го нарече островот „парче мраз“ и јавно побара НАТО да им го отстапи на Соединетите Американски Држави.

    Во истиот контекст, американскиот претседател потсети дека во рамките на Алијансата, како што рече, го нарекуваат „тато“, додавајќи дека САД би биле „благодарни“ доколку Гренланд биде предаден, но дека ќе „го паметат“ евентуалното одбивање.

    Истовремено, Трамп изјави дека Вашингтон секогаш е подготвен да го брани НАТО, но изрази сомнеж во способноста на Алијансата да им возврати со иста поддршка на САД, што во европските престолнини беше протолкувано како дополнително заострување на односите со сојузниците.

    Популарно

    ФОТО: По големата бура – Аурорите видливи и од Македонија

    20.01.2026 во 21:43

    Заѕиданите 350.000 евра биле од земјоделие, тврди одбраната: Обвинителството на брифинг откри нови детали за судијата Ѓоко Ристов

    21.01.2026 во 14:46

    Тешка сообраќајна несреќа кај Хиподром, возило превртено на покрив

    21.01.2026 во 14:34

    Бранителот на судијата Ристов: Заѕиданите 350.000 евра не се на судијата, родителите признале дека се нивни

    20.01.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.