УХМР објави метео аларм за денеска, на територијата на Македонија.
-До петок ќе преовладува променливо облачно и постудено време, кога ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои на некои од повисоките планини ќе преминат во снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе биде силен со брзина над 60 km/h. За време на викендот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, објави УХМР.


