Од Електродистрибуција информираат дека утре, 14 октомври 2026 година, без струја ќе останат дел од корисниците во општина Карпош и населбата Злокуќани.

Прекинот е планиран во периодот од 09:00 до 13:00 часот, а без електрична енергија ќе бидат корисниците лоцирани на ул. „Скупи 20“ во Злокуќани.

Исклучувањето е неопходно заради реализација на планирани технички зафати во мрежата со цел подобрување на стабилноста во снабдувањето со електрична енергија.

Exit mobile version