Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против седум лица, бидејќи претепале 24-годишен пехчевец во угостителски објект во Делчево.
Како што се наведува во полицискиот билтен, кривични пријави добиле 17-годишник и О.Ш.(19) од Делчево, В.А.(26) од Скопје, Д.Ч.(22), П.С.(20) и Д.Д. (20) од Делчево и М.Д.(20) од село Разловци, делчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 05.08.2026 пред угостителски објект во Делчево, пријавените физички го нападнале И.К.(24) од Пехчево, при што првопријавениот со стаклен предмет му нанел расекотина.


