Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,87% во однос на одлуката од 5.10.2026 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 2,145 ден/кг. и сега ќе изнесува 51,742 ден/кг.
Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% и е применет намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).
Од 14.10.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 98,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 100,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 97,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 108,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 51,742 (денари/килограм)
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 14.10.2026 година.
- Масовна тепачка во Делчево: Кривични пријави за седум лица за насилство над момче од Пехчево
- Георгиев го повика Филипче и Герасимовски на терен: Погледнете што се гради во Центар и каде е зеленилото
- Лажно пријавила кражба во Дебар: 24-годишна девојка „останала“ без злато вредно 3.000 евра, па добила кривична пријава
- Напад во казино во Ѓорче Петров: Приведен 50-годишен маж
- „Ми побараа пари, не им дадов, па ме натепаа“: 36-годишник преживеал хорор во Центар
- Падна раководител на смена на Јажинце: Пропуштил да санкционира возач со истечена сообраќајна дозвола
- Селин Анил Октај: Diamond Mall не е само место каде што се купува, туку место каде што луѓето сакаат да поминуваат време
- МВР со нови активности за управување со миграцијата: Започнува соработката во рамките на проектот „ФерПат“


