Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО ГОКК – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против А.Љ., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик.
Пријавениот А.Љ., на работно место раководител на смена во ПС за ГП Јажинце при РЦ за ГР Север, на 27.06.2026 одлучил да не ја изрече предвидената глоба од 100 евра во денарска противвредност, возилото не го исклучил од сообраќај и му овозможил на возачот и понатаму да учествува во сообраќај со возилото, за кое претходно друг полициски службеник констатирал сообраќаен прекршок од Законот за возила – управување возило со истечен рок на сообраќајната дозвола од 30 дена.
ОВККИПС против А.Љ. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и отстранување – суспензија од работното место до завршување на дисциплинската постапка.
- Тревога на аеродром во Германија: Сомнителен дрон го прекина воздушниот сообраќај, го следеле и „Еурофајтери“
- Падна оставка во Министерството за здравство
- BALFIN Group и Flying Tiger Copenhagen го прошируваат партнерството на три пазари во ЕУ
- МНР го повика бугарскиот амбасадор Радуков поради случајот со Ива Михајлова
- Пијан скопјанец исклучен од сообраќај во Дебар: Со „сузуки“ управувал со речиси два промили алкохол
- Клековски: Пристигнаа првите 30.000 вакцини против грип, вакцинацијата почнува меѓу 16 и 25 октомври
- Масовна тепачка во Делчево: Кривични пријави за седум лица за насилство над момче од Пехчево
- Георгиев го повика Филипче и Герасимовски на терен: Погледнете што се гради во Центар и каде е зеленилото


