УХМР ги објави температурите во Македонија, пред 12 часот. Според мерењата, најниска температура во 11 часот е измерена на Попова Шапка, 3 степени, по што следат Радовиш со 4 и Крушево со 5 степени.

Гевгелија со 16 степени и овој ден е најтоплиот град во Македонија.

Во Скопје во 11 часот УХМР измери 13 степени.

УХМР објави метео аларм за денеска, на територијата на Македонија.

-До петок ќе преовладува променливо облачно и постудено време, кога ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои на некои од повисоките планини ќе преминат во снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе биде силен со брзина над 60 km/h. За време на викендот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, објави УХМР.

Exit mobile version