Вчера во 14:00 часот на место викано Мраморица, демирхисарско, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишија од слобода Г.К.(55) од Кавадарци , Д.К.(51) од с.Крњево, кавадаречко, Е.Р.(37) од с.Сливник, велешко и Л.В.(32) од Кавадарци, соопшти МВР.

Од МВР доддаваат дека при контрола во две товарни возила, во кои биле четворицата, биле пронајдени и одземени околу 40 метри квадратни бесправно исечено огревно дрво. По целосно документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава.

Exit mobile version