Пратеничката група на ДУИ остана без еден пратеник во Собранието

Пратеничката група на ДУИ е послаба за еден пратеник, бидејќи пратеникот Исмаил Јахоски, кој беше кандидиран на листата на ДУИ во Изборната единица 5 веќе не е пратеник на партијата на Али Ахмети, туку стана независен пратеник.

Како што може да се забележи и на интернет страницата на Собранието, Јахоски повеќе не фигурира на листата на пратеници од редовите на ДУИ, туку под графата независни пратеници.

Во моментов, пратеничката група на ДУИ брои 14 пратеници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.09.2020 - 22:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега