(ВИДЕО) Снимен моментот на експлозијата во голем шопинг центар во Тајван

 


Силна експлозија одекна утринава во голем трговски центар во Тајван.

Пожарникарите се сомневаат дека станува збор за експлозија на гас.

Десет лица се хоспитализирани, од кои четворица не даваат знаци на живот.

Експлозијата се случила на 12-тиот кат од центарот Шин Конг Мицукоши во градот Тајчунг, при што е оштетена фасадата на зградата.

На социјалните мрежи се појавија снимки од моментот на експлозијата.

13.02.2025 - 09:51

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега