Познат идентитот на убиениот доктор во Железара - син му го нашол избоден во кола

Полицијата и официјално ги потврди информациите за убиството на докторот во скопска Железара

На 21.03.2024 во 23.09 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопственото возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, во парк во близина на поранешна фабрика Железара, со убодни рани по телото бил пронајден А.Т.(67) од Скопје. Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот - се вели во информацијата од полициајта

Според неофицијалните информации до кои дојде Press24 станува збор за доктор кој бил пред пензија. Во поликлиниката под концесија држел амбуланта како матичен лекар и бил почитуван од пациентите. Нема никакви информации кои се мотивите за убиството.

22.03.2024 - 09:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега