Close Menu
Press24
    Најново

    Пожарникарите извојуваа победа во Штип и Тетово

    03.07.2026 во 18:08

    Пеколен ден за штипјани: Густ чад ги натера вработените од „Албатрос“ панично да бегаат, се активираа и воздухопловите

    03.07.2026 во 17:59

    Пазарен надзор до максимум за спас на стандардот: Власта ги чешла трговците, следната недела на тапет се увозниците

    03.07.2026 во 17:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пожарникарите извојуваа победа во Штип и Тетово
    • Пеколен ден за штипјани: Густ чад ги натера вработените од „Албатрос“ панично да бегаат, се активираа и воздухопловите
    • Пазарен надзор до максимум за спас на стандардот: Власта ги чешла трговците, следната недела на тапет се увозниците
    • Избувна трет пожар во Штип – се евакуираат работници
    • Тројцата скопјани кои претепаа и избодеа малолетник во Ченто заработија кривични
    • Французин се обидел да пренесе девојка во куфер преку албанската граница
    • Филипче: Жално е Владата да се фали со 50 милиони евра, Црна Гора доби 3,2 милијарди евра, тоа е успех
    • Семејно насислство во Центар: Ќерка си го натепала својот татко
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пожарникарите извојуваа победа во Штип и Тетово

    Пожарникарите извојуваа победа во Штип и Тетово

    03.07.2026 во 18:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По неколкучасовна исцрпувачка битка, противпожарните екипи успеаја целосно да изгаснат пет од вкупно шест големи пожари на отворен простор кои денеска сериозно се закануваа да направат огромна штета низ државата.

    Најкритично во текот на денот беше во Штип и Тетово, каде пламените јазици избувнаа во непосредна близина на индустриски капацитети, стратешки објекти и во самото централно градско подрачје.

    Пожарникарите извојуваа победа кај штипскиот локалитет „Исар“, каде сувата вегетација гореше близу куќите, како и во индустриската зона каде беа загрозени Штипската млекара и фабриката „Албатрос“.

    Огнената стихија е успешно скротена и во Тетово, каде противпожарните тимови спречија катастрофа со тоа што навреме го локализираа пожарот кој избувна кај големите силоси на „Жито Полог“.

    Во моментов, на територијата на целата држава останува активна уште само една сериозна точка во источниот регион, каде пламенот зафати нискостеблеста деградирана шума меѓу неколку села.

    Станува збор за пограничниот појас меѓу општините Чешиново-Облешево и Пробиштип, поточно во атарите на селата Новоселани, Лепопелци, Бучиште и Неокази, каде екипите сѐ уште се на терен.

    „До 18:00 часот на 03.07.2026 година, на територијата на државата се регистрирани 6 пожари на отворен простор, од кои 1 е активен, а 5 се изгаснати. Изгаснати пожари: Општина Штип – с. Чардаклија (ниска вегетација и жито); Општина Штип – с. Стар Караорман (ниска вегетација и стрниште); Општина Штип – местото викано „Исар“; Општина Штип – помеѓу Штипска млекара и М.К. Албатрос; Општина Тетово – кај силосите на Жито Полог“, се наведува во официјалниот извештај.

    Прочитај повеќе

    Пеколен ден за штипјани: Густ чад ги натера вработените од „Албатрос“ панично да бегаат, се активираа и воздухопловите

    03.07.2026 во 17:59

    Пазарен надзор до максимум за спас на стандардот: Власта ги чешла трговците, следната недела на тапет се увозниците

    03.07.2026 во 17:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.