Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Хасан: Во Општина Центар има околу 3.000 нерешени пријави од граѓани
    • Сабајле ќе снема струја во 9 часот – Најавени исклучувања во повеќе скопски општини
    • Трагедија ја потресе Македонија: 38-годишник почина од струен удар
    • Ѓорѓиевски: Да ги слушнеме младите и да им дадеме вистински простор да учествуваат во одлуките
    • Клековски се сретна со новиот турски амбасадор Акташ: Се подготвува Меморандум за соработка во здравството
    • И ова е можно: Стружанец успеал да исече 175 кубици дрва во државна сопственост
    • Камион прегази жена на булевар во Охрид
    • Охриѓанец експресно заврши во притвор поради детска порнографија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пеколен ден за штипјани: Густ чад ги натера вработените од „Албатрос“ панично да бегаат, се активираа и воздухопловите

    Пеколен ден за штипјани: Густ чад ги натера вработените од „Албатрос“ панично да бегаат, се активираа и воздухопловите

    03.07.2026 во 17:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Панична евакуација на десетици работници со заштитни маски на лицата и густ црн чад кој целосно го обви просторот беа денешната драматична слика од Штип, каде избувна и трет голем пожар во близина на штипската млекара.

    Поради непосредната опасност од огнената стихија, надлежните служби беа принудени итно да ги повлечат и евакуираат сите вработени од блиската фабрика „Албатрос“, додека пламенот брзо се ширеше на отворениот простор.

    „Пеколен ден за штипјани – во моментот гори и кај Штипската млекара, евакуирани се вработените во Албатрос. Пожарот е успешно локализиран во с. Бучиште, но за жал, една куќа е целосно изгорена. С. Ратавица: Ова е критичната точка во моментот, бидејќи еден крак од пожарот брзо се префрла кон ова село“, информираше првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов.

    Претходно во текот на денот, сериозна ситуација беше забележана и кај штипскиот Исар, каде огнот се приближи на само неколку метри до самите куќи, предизвикувајќи вознемиреност кај локалното население.

    Паралелно со Штип, исклучително тешка е состојбата и во Пробиштипско, каде што огнената стихија веќе успеа да проголта една куќа, а три авиони „Ер трактор“ во моментов гаснат од воздух.

    Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) ја потврди информацијата, но упати смирувачки тонови, нагласувајќи дека се преземаат сите мерки за ставање на пожарот под контрола.

    Според податоците на Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се три големи пожари на отворено, а најкритична точка останува селото Ратавица, кон кое брзо се префрла еден крак од пожарот.

    Прочитај повеќе

    Хасан: Во Општина Центар има околу 3.000 нерешени пријави од граѓани

    21.10.2026 во 13:33

    Сабајле ќе снема струја во 9 часот – Најавени исклучувања во повеќе скопски општини

    21.10.2026 во 13:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.