Close Menu
Press24
    Најново

    Ограбена црква во кривопаланечко: Однесени пари и бакарен котел

    03.08.2026 во 15:55

    Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син

    03.08.2026 во 15:39

    „Колапс“ на ГП Богородица: Се чека по три часа за излез од Македонија

    03.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ограбена црква во кривопаланечко: Однесени пари и бакарен котел
    • Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син
    • „Колапс“ на ГП Богородица: Се чека по три часа за излез од Македонија
    • Гаши во Каиро: Македонија е пример за меѓурелигиски и мултиетнички соживот
    • Избегната трагедија: Приведен пијан пешак на автопатот Гостивар–Тетово, шетал по коловозот и навредувал полицајци
    • УХМР со најнови податоци: Гевгелија и Велес ги соборија денешните температурни рекорди
    • Приведен 52-годишен стружанец: Навредливо се однесувал кон службени лица на прославата за 2 Август во Ташмаруништа
    • Тешко повредено 4-годишно дете од Скопје: Во него удрило возило со швајцарски таблички
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пожари, суши и бури ја погодуваат Европа и покрај слабеењето на топлотниот бран

    Пожари, суши и бури ја погодуваат Европа и покрај слабеењето на топлотниот бран

    17.07.2026 во 22:083 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Големи шумски пожари, суши и силни бури продолжуваат да предизвикуваат проблеми низ Европа и покрај постепеното слабеење на топлотниот бран, а властите во повеќе земји предупредуваат на нови екстремно високи температури и зголемен ризик од пожари.

    Пожарникари, со поддршка од 30 летала, денеска се обидуваа да стават под контрола голем шумски пожар во североисточна Шпанија, поради кој беа евакуирани повеќе од 1.000 лица. Големиот пожар во регионот Арагон се проширил на повеќе од 12.000 хектари, а во неговото гаснење учествуваат околу 300 припадници на воените единици за вонредни состојби и неколку хеликоптери.

    Шпанската метеоролошка служба предупреди дека од утре температурите повторно ќе почнат да растат и дека во текот на следната недела во делови од Андалузија и Кастиља-Ла Манча би можеле да достигнат меѓу 42 и 44 Целзиусови степени. Истовремено е издадено предупредување за екстремен ризик од шумски пожари поради прилив на топол и сув воздух од северна Африка.

    Пожарникарите се борат и со пожари во близина на Мадрид и во покраината Гвадалахара, каде што изгореле околу 1.500 хектари, а од претпазливост бил евакуиран и еден летен камп. Само пред една недела, најмалку 13 лица загинаа во пожар во Алмерија.

    Поради високите температури и повеќекратните топлотни бранови, вегетацијата е исушена низ голем дел од Европа, што го зголемува ризикот од пожари, суши и штети во земјоделството. Научниците голем дел од овие екстремни временски појави ги поврзуваат со климатските промени.

    Според податоците на климатскиот монитор на Ројтерс, просечната највисока температура во западна Европа денеска изнесувала околу 27,5 степени, што е за 4,2 степени над просекот за 17 јули во периодот од 1961 до 1990 година.

    Во Франција сушата се влошува од крајот на мај, додека високите температури создаваат проблеми и во енергетскиот сектор. Гасна електрана на југот на земјата се соочува со можен прекин на работата поради високата температура на морето, што го отежнува ладењето на постројките.

    Во Германија, нискиот водостој на Рајна го отегна бродскиот сообраќај и ги зголеми транспортните трошоци, иако неодамнешните врнежи делумно ја подобрија состојбата.

    Во делови од Европа каде што топлотните бранови веќе поминаа, нивно место зазедоа силни бури. Во Франција и Германија три лица загинаа како последица на невремето. Во централна и источна Франција две лица загинаа поради паднати дрвја, додека во германската покраина Баден-Виртемберг едно лице го загуби животот по удар од гром.

    Силна супер бура го погоди подрачјето околу Штутгарт, носејќи силни налети на ветер и град со големина до пет сантиметри. Возачите се засолнувале под надвозници за да ги заштитет возилата од невремето.

    Во североисточна Германија пожарникарите и натаму се борат со пожар во Националниот парк Мириц, кој трае речиси една седмица. Нивната работа е дополнително отежната поради присуството на неексплодирана муниција на поранешен воен полигон.

    Поради високиот ризик од пожари, засилени мерки се воведени и во поширокото подрачје на Атина, каде што шумите се надгледуваат со дронови опремени со термални камери, а цистерни со вода се распоредени во близина на камповите.

    Светската здравствена организација предупреди дека Европа ја очекуваат нови смртоносни топлотни бранови и наведе дека за време на жешкиот бран кон крајот на јуни биле регистрирани речиси 10.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното. Организацијата ги повика владите екстремните горештини да ги третираат како здравствена, а не само како метеоролошка опасност.

    Прочитај повеќе

    Внимателно зад воланот во Грција: Полицијата казнува и „кочење“ на сообраќајот

    03.08.2026 во 13:24

    Татко и две деца загинаа во пожар во куќа во Загорје, соседите претходно слушнале истрели

    01.08.2026 во 13:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.