Пожар избувнал во внатрешна просторија на вториот кат во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, на одделението за ортопедија.
За пожарот било добиено известување преку Е-112, по што веднаш била известена Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.
Од противпожарната бригада потврдиле дека огнот е локализиран и дека нема опасност од негово понатамошно ширење.

