Во населбата Хиподром 2 започна теренското засадување нови дрвја на територијата на Општина Гази Баба. Со оваа активност официјално стартува акцијата за зголемување на зелените површини и подобрување на животната средина во општината.
Градоначалникот Бобан Стефковски информира дека во наредниот период ќе бидат засадени поголем број нови садници на различни локации во Гази Баба.
Тој посочува дека целта е создавање почиста и поздрава животна средина, со повеќе зеленило и уредени јавни простори во сите населени места.
Стефковски ги повика граѓаните да се вклучат во акцијата и да ја искористат можноста преку објавениот јавен повик да аплицираат за бесплатни садници, кои ќе можат да ги засадат во своите дворови и околината.
Од Општината порачуваат дека активностите за пошумување и зголемување на зеленилото ќе продолжат и во следниот период.

