Close Menu
Press24
    Најново

    Грипот „коси” низ Македонија: За само една недела нагло зголемен бројот на заболени

    20.11.2026 во 10:51

    Работел непријавен, без обука и заштита: Две лица и фирми обвинети за смртта на работникот во Охрид

    20.11.2026 во 10:41

    ФОТО: Царината спречи измама – 2,8 тони забранета сол требало да завршат во земјава

    20.11.2026 во 10:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Грипот „коси” низ Македонија: За само една недела нагло зголемен бројот на заболени
    • Работел непријавен, без обука и заштита: Две лица и фирми обвинети за смртта на работникот во Охрид
    • ФОТО: Царината спречи измама – 2,8 тони забранета сол требало да завршат во земјава
    • Еуроњуз: Унгарија го повлекува ветото за Украина
    • Масовен руски напад врз Киев: Тројца загинати и 15 повредени
    • Завршил со лисици на рацете – Двојно откритие при акција на МВР
    • Станбената криза ја тресе Европа – ЕУ бара решение
    • Петок носи изненадувања: Еден знак го очекува љубовен пресврт, друг многу пари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Грипот „коси” низ Македонија: За само една недела нагло зголемен бројот на заболени

    Грипот „коси” низ Македонија: За само една недела нагло зголемен бројот на заболени

    20.11.2026 во 10:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Бројот на заболени од грип во земјава бележи значителен пораст. Во периодот од 9 до 15 ноември биле евидентирани 154 нови случаи, што е за 37,5 проценти повеќе во споредба со претходната недела, кога биле пријавени 112 заболени.

    Според најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), ова е прва недела од актуелната сезона во која е надминат прагот на вонсезонска активност, а грипот достигнал ниско, односно сезонско ниво на активност на национално ниво.

    Најмногу новозаболени има во Тетово, каде се регистрирани 49 случаи, а следува Скопје со 38 и Куманово со 19. Во Радовиш се пријавени 12 случаи, во Велес осум, а во Гостивар седум. Останатите се распоредени во повеќе градови низ земјата.

    Податоците покажуваат дека најголем дел од заболените се на возраст од 15 до 64 години, со вкупно 102 случаи. Регистрирани се и 22 заболени лица постари од 65 години, 16 деца до четиригодишна возраст и 14 деца на возраст од пет до 14 години.

    Од почетокот на сезоната 2026/2027, во земјава се евидентирани вкупно 609 случаи на грип. Тоа е зголемување од 6,7 проценти во однос на истиот период минатата сезона. Најголем број заболени досега има во Тетово, со 198 случаи.

    Лабораториските анализи во текот на последната извештајна недела откриле четири позитивни примероци на вирусот на грип, од кои три се инфлуенца А, без утврден подтип, а еден е инфлуенца А(H3). Регистрирани се и три позитивни резултати на коронавирус.

    Од ИЈЗ потсетуваат дека вакцинацијата останува најефикасна заштита од сезонскиот грип, особено за повозрасните лица, децата, хронично болните, бремените жени и здравствените работници.

    Досега се вакцинирани 25.458 лица од ризичните категории со бесплатни вакцини. Заинтересираните граѓани можат да закажат вакцинација преку веб-страницата www.vakcinacija.mk.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Работел непријавен, без обука и заштита: Две лица и фирми обвинети за смртта на работникот во Охрид

    20.11.2026 во 10:41

    ФОТО: Царината спречи измама – 2,8 тони забранета сол требало да завршат во земјава

    20.11.2026 во 10:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.