Close Menu
Press24
    Најново

    Никогаш не ја видоа повторно татковината: Споменик во Полска за македонските деца бегалци

    20.11.2026 во 11:10

    Утре е Аранѓеловден: Што не треба да изостане на трпезата и кои обичаи се поврзани со празникот

    20.11.2026 во 11:08

    ФОТО: Бесплатни садници за граѓаните и нови дрвја низ општината – Почна акцијата во Гази Баба

    20.11.2026 во 11:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Никогаш не ја видоа повторно татковината: Споменик во Полска за македонските деца бегалци
    • Утре е Аранѓеловден: Што не треба да изостане на трпезата и кои обичаи се поврзани со празникот
    • ФОТО: Бесплатни садници за граѓаните и нови дрвја низ општината – Почна акцијата во Гази Баба
    • Грипот „коси” низ Македонија: За само една недела нагло зголемен бројот на заболени
    • Работел непријавен, без обука и заштита: Две лица и фирми обвинети за смртта на работникот во Охрид
    • ФОТО: Царината спречи измама – 2,8 тони забранета сол требало да завршат во земјава
    • Еуроњуз: Унгарија го повлекува ветото за Украина
    • Масовен руски напад врз Киев: Тројца загинати и 15 повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Никогаш не ја видоа повторно татковината: Споменик во Полска за македонските деца бегалци

    Никогаш не ја видоа повторно татковината: Споменик во Полска за македонските деца бегалци

    20.11.2026 во 11:102 Mins Read
    ФХЕМ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во полскиот град Полице беше откриен споменик посветен на децата бегалци од Егејска Македонија, кои по присилното напуштање на своите домови животот го продолжиле во Полска, каде што останале до крајот на животот.

    Споменикот е прв од ваков вид во Полска, а неговата реализација беше поддржана од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија (ФХЕМ). Предвидено е да бидат поставени уште два споменика во други полски градови кои во минатото ги згрижиле децата бегалци.

    Автор на споменикот е Петро Алексовски, а свеченото откривање го извршија градоначалникот на Полице, Кристијан Ковалевски, и македонскиот амбасадор во Полска, Јасмин Ќамил.

    На настанот беше изразена благодарност до ФХЕМ за поддршката, без која, како што беше посочено, проектот немало да биде реализиран во толку краток период.

    Директорот на Фондот, Горан Садикаријо, истакна дека судбината на децата бегалци од Егејска Македонија е поврзана со пошироката историска меморија на сите народи кои доживеале прогон и загуба на своите домови.

    „Судбината на децата бегалци од Егејска Македонија, откорнати од своите огништа, природно се преплетува со историската меморија на еврејскиот народ и на сите оние кои го преживеале прогонот и загубата на домот. Затоа беше природно да помогнеме“, порача Садикаријо.

    На средбата со директорот на ФХЕМ било најавено и отворање музеј во Полице, при што е предложено дел од музејскиот простор да биде посветен на историјата и судбината на македонските Евреи.

    Поддршката за споменикот, според ФХЕМ, претставува придонес кон зачувувањето на историското сеќавање и почитта кон луѓето чии животи биле обележани со прогон, разделба и раселување.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Утре е Аранѓеловден: Што не треба да изостане на трпезата и кои обичаи се поврзани со празникот

    20.11.2026 во 11:08

    ФОТО: Бесплатни садници за граѓаните и нови дрвја низ општината – Почна акцијата во Гази Баба

    20.11.2026 во 11:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.