Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на дизелот

    21.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пукање пред училиште во Турција – повредени најмалку четири ученици
    • ФОТО: Тажна вест – Почина пионерката на македонската анимација
    • Полска ги крена борбените авиони
    • Пожарникари го сечеле возилото, еден починат на лице место – Страшна сообраќајка го потресе регионот
    • ФОТО: Полицијата влезе во домот на скопјанец – Веднаш го привеле
    • Пијан татко предизвика трагедија кај Панчево: Шест деца повредени, две се борат за живот
    • Трајков во Брисел: Во фокусот реформите и владеењето на правото
    • Трагедија на Октоберфест: Oбезбедувач загинал откако бил удрен од гондола
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Потоп во Македонија – УХМР соопшти каде наврна најмногу дури 42л/м2

    Потоп во Македонија – УХМР соопшти каде наврна најмногу дури 42л/м2

    10.11.2025 во 09:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Најголема количина дожд во изминатите 24 часа, до утрово во седум часот, е измерена во Струмица и изнесувала 42 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

    Значителни врнежи се регистрирани и во Гевгелија со 36 л/м2, Пожар-Радовиш со 30 л/м2, Претор со 29 л/м2, Битола со 26 л/м2 и Крушево со 24 л/м2. Во Скопје, на Зајчев Рид наврнале 6 л/м2, а во Скопје – Петровец 8 л/м2.

    Најстудено утрово било во Крушево, Маврови Анови и Лазарополе, каде се измерени 6 степени Целзиусови. Потоа следуваат Претор со 8°C, а 9°C се измерени во Берово, Крива Паланка, Прилеп и Битола. Во Скопје (Петровец и Зајчев Рид) измерени се 11 степени. Најтопло утрово било во Демир Капија со 14 степени.

    Времето денеска се очекува да биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. УХМР најавува дека наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, со можност за наврнување на над 30 литри на метар квадратен за 24 часа. Постојат и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од јужен правец.

    Максималната дневна температура се очекува да достигне од 14 до 18 степени.

    За Скопје синоптичарите предвидуваат претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во попладневните часови. Максималната температура се очекува да достигне до 17 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

    Прочитај повеќе

    ФОТО: Тажна вест – Почина пионерката на македонската анимација

    22.09.2026 во 09:59

    ФОТО: Полицијата влезе во домот на скопјанец – Веднаш го привеле

    22.09.2026 во 09:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.