Поранешни сопружници се степале и двајцата пријавиле во полиција дека се нападнати

– Во средата, во 17.19 часот во СВР Скопје, 44 –годишна жена од Скопје пријавила дека околу 17.00 часот во заедничкиот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот поранешен 47 – годишен сопруг, информираат од МВР.

Исто така, во полициска станица и сопругот пријавил дека бил физички нападнат од 44 – годишната сопруга.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

20.06.2024 - 17:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега