22 годишен скопјанец уценувал девојка: „Ако не ми платиш ќе објавам фотографии и видеа од тебе“

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 22-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Уцена според член 259 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Осомничениот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, преку социјални мрежи стапил во контакт со 20-годишна скопјанка, на која лажно и се претставил, а потоа подолг временски период ја уценувал дека доколку не му исплати 300 евра, ќе објави компромитирачки фотографии и видеа за неа.

Уценетата му исплатила 150 евра, но тој продолжил секојдневно да ја уценува, па таа го пријавила случајот. На договорено примопредавање на дел од парите осомничениот бил затекнат и лишен од слобода.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување повеќе мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, обврска да се јавува повремено кај службено лице во судот, привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, забрана за приближување и воспоставување контакти со оштетената, како и забрана за користење на социјалните мрежи преку кои го сторил делото. Сите мерки се прифатени и определени од судот.

26.06.2024 - 18:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега