Визер: Одложувањата и откажувањата на летовите низ европската авио индустрија последица на временските услови
Во изминатите неколку дена, европскиот воздушен простор беше сериозно погоден поради проблеми со управувањето со аеродромските места предизвикани од повеќекратни, истовремени временски настани што се случуваат низ цела Европа. Овие настани ги нарушија способностите на властите за контрола на летање и на Eurocontrol да управуваат со обемот на сообраќај низ целата индустрија, што доведе до големи одложувања и откажувања низ европската авио индустрија. Овие настани влијаеја на операциите на Wizz Air, како и на операциите на другите авиокомпании ширум Европа.
-Само на 26 јуни, европскиот воздушен простор имаше околу 450.000 минути задоцнување, од кои 360.000 произлегуваат од временските услови, со значителни доцнења од 3 часа. Мрежата на Wizz Air претрпе преку 30.000 дополнителни минути доцнење на аеродромот во изминатите четири недели во споредба со истиот период минатата година, како резултат на оваа несекојдневна ситуација.
Се извинуваме за непријатностите кај дел од нашите патници предизвикани од оваа ситуација, но за жал, овој проблем е надвор од наша контрола. Wizz Air беше подготвен да обезбеди непречено летно работење за своите патници; сепак, системот за контрола на летање се чини дека се соочува со значајни проблеми ова лето. Како индустрија, ние сме принудени овие прашања да ги пренесеме до релевантните органи за управување со воздушниот сообраќај, вклучувајќи го и Eurocontrol, за да се осигураме дека се спроведуваат соодветни мерки за да се минимизираат нарушувањата.
Како и секогаш, Wizz Air ќе ги информира своите патници кои резервирале директно преку авиокомпанијата за какви било промени во распоредот преку смс и е-пошта. Wizz Air секогаш ги советува патниците да резервираат директно на нивната веб страна или апликација за да обезбедат навремени ажурирања на резервацијата и директна помош за своите патници. Во случај патниците да имаат резервации преку онлајн туристички агенции (OTA) и други трети страни, тие треба да го проверат статусот на нивниот лет и да побараат промени преку претставниците на OTA.
Важно е да се напомене дека ова прашање влијае на многу авиокомпании, затоа капацитетите на хотелите низ Европа може да бидат ограничени. Wizz Air прави се за да прими што е можно повеќе патници, но во случај надворешните партнери да не можат да ги поддржат сите барања поради недостапност на соби, од патниците може да биде побарано да организираат сопствено сместување. Патниците може да се уверат дека ќе можат да бараат надомест на релевантни трошоци до разумен износ преку официјалната веб-страница на Wizz Air.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа