Ветерниците на Мицкоски се испишаа во Вашингтон Пост
Реномираниот медиум The Washington Post известува дека Владата на Северна Македонија во вторник објави проект во соработка со инвеститорот за обновливи извори на енергија Alcazar Energy Partners за изградба на најголемата ветроелектрана во земјата. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека проектот значително ќе ја зголеми енергетската независност и ќе поттикне странски инвестиции.
„Ова ќе биде најголемата инвестиција во обновливи извори на енергија која некогаш сме ја имале,“ рече Мицкоски.
Според The Washington Post, ветроелектраната, која ќе биде лоцирана во југоисточниот дел на земјата, ќе биде една од најголемите во Западниот Балкан, со капацитет за производство до 400 мегавати обновлива енергија. Градежните работи се очекува да започнат на почетокот на 2026 година. Откако ќе стане оперативна, ветроелектраната се предвидува да произведува доволно енергија за снабдување на над 100.000 домаќинства.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа