Полициска акција низ Македонија: Приведени 13 лица
Во текот на вчерашниот ден полицијата апсеше на повеќе локации во Македонија.
На 12.03.2025 во 19.50 часот на улица ,,Бане Вељаноски“ во Гостивар, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка Скопје го привеле И.Б.(34) од Гостивар. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 186 став 2 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
На 12.03.2025 во 08.00 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Џ.Д.(71) од с.Делогожда, струшко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Брно ЗХ 321“ калибар 16 милиметри, куршуми со калибар 8х57, ловечки патрони калибар 16 милиметри, други предмети и соодветна дозвола. При претрес во неговото возило „хјундаи“ со швајцарски национални ознаки, кое било паркирано во дворот, биле пронајдени и одземени ловечка пушка карабин 8х57 „Црвена Застава“, ловечки патрони калибар 16 милиметри и куршуми калибар 8х57, кои нелегално ги поседувал. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.03.2025 во 07.10 часот во с.Фалише, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го привеле П.В.(38) од с.Фалише. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена воздушна пушка „Црвена застава” калибар 4.5 мм М56, која ја поседувал без дозвола. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 80 од Закон за оружје.
На 12.03.2025 во 07.15 часот, полициски службеници од СВР Тетово и Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода М.А.(19) од с.Пирок. При претрес во неговиот дом во с.Пирок, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.03.2025 во периодот од 07.15 до 08.15 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово, со судска наредба, извршиле претрес во домот на И.А.(43) од Куманово, кој не бил во домот. При претресот биле пронајдени прашкаста материја, жолта густа материја, игли и таблети, а по И.А. била распишана потерница за негово пронаоѓање. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.03.2025 во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода Џ.Б.(46) од Велес. Тој бил забележан како од терасата на неговиот дом фрла бела прашкаста материја на две лица, која, при преглед кај нив, била пронајдена и одземена. Џ.Б. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.03.2025 во 16.10 часот на ул.„Рајко Жинзифов“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слбода А.Е.(36) од Прилеп, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Прилеп за издржување на затворска казна. Лицето било спреведено во Казнено - поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.
Денеска (13.03.2025) во 01.20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.03.2025 во 19.45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ц.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.03.2025 во 21.50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.П.(21) од Берово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.03.2025 во 21.50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.И.(39) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.03.2025 во 18.20 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Е.Д.(32) од Република Албанија, со привремен престој во Кичево, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.03.2025 во 20.50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.Б.(21) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа