Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител
    • Детали за злосторството ја шокираат јавноста: Го убила 2-годишниот син, па изговорила морничави зборови
    • Уапсен 27-годишник во Белград: Истурил запалива течност и предизвикал пожар во угостителски објект
    • Дојава за бомба и експлозиви во училишен ранец во Средношколскиот центар во Требиње
    • Божиновска во Белград на Вториот министерски самит: Фокус на Вертикалниот гасен коридор и енергетската сигурност
    • Нови детали за смртта на Марија: Го завиткал телото во ќебе и го однел во пештера
    • Полска ја зајакнува одбраната: Системи „Патриот“ се упатуваат кон границата со Украина, се формираат нови воени единици
    • Обвинет вработен во познат синџир на супермаркети: Направил штета од 26.000 евра давајќи попуст на купувачи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: Полицијата запре „Мерцедес“ кај Липково – Пробал да избега, но го фатиле и откриле што крие

    ФОТО: Полицијата запре „Мерцедес“ кај Липково – Пробал да избега, но го фатиле и откриле што крие

    18.09.2026 во 10:561 Min Read
    МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Полицијата синоќа кај Липково привела 36-годишен жител на село Гошинце поради сомнение за кривично дело „криумчарење“.

    Како што информираат од МВР, околу 19:50 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Белановце“ забележале товарно возило „Мерцедес Спринтер“ управувано од С.С. и му дале знак да застане.

    Возачот не постапил по наредбата и продолжил да се движи во правец на село Отља. По преземените мерки, полицајците успеале да го запрат возилото.

    При извршениот преглед биле пронајдени големо количество стока без соодветна документација, меѓу која:

    • 320 парчиња текстил;
    • 28 парчиња обувки;
    • 350 парчиња техничка стока;
    • 78 парчиња лекови;
    • 76 парчиња козметика;
    • шест делови за возила;
    • 377 парчиња друга стока.

    За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово.

    Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против 36-годишникот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    Пронајдени клуч од мотор поврзан со убиство, бомба и пиштоли – отворена истрага за млад скопјанец

    06.10.2026 во 16:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.