Полетаа двата авиона со посмртните останки од Софија за Скопје

Двата воени авиона полетаа од софискиот аеродром со посмртните останки на 45-те загинати македонски државјани, јави дописникот на МИА од Софија.

Авионите ќе бидат придружувани од министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, кој за таа цел отпатува во Софија.

Полетувањето на авионите беше пролонгирано поради лошите временски услови во Софија.

На Скопскиот аеродром останките ќе ги пречека висока државна делегација, а на плоштадот  „Скендербег“ во Скопје веќе се поставени венци пред кои граѓаните можат да им оддадат почит на загинатите во несреќата.

Поворката со останките која требаше да помине низ главниот град е откажана на барање на семејствата на загинатите.

03.12.2021 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега