Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Почна откупот на тутунот: Тутунарите бараат 600 денари за прва класа

    Почна откупот на тутунот: Тутунарите бараат 600 денари за прва класа

    18.11.2025 во 13:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со преземање на првите количини тутун, Прилепскиот тутунски комбинат денеска официјално ја започна откупната кампања на годинашната реколта. Иако тутунарите се задоволни од првичната проценка на квалитетот, тие бараат повисока цена за да се обезбеди исплатливост на производството.

    Тутунопроизводителот Благој Мицевски од Прилеп, кој годинава произвел околу 1.400 килограми, ја истакна потребата од корекција на цените.

    „Добро оди проценката, но што се однесува до цените, реално треба да се зголемат, зашто се големи и трошоците. Првата класа треба да биде 600 денари за килограм. Тутун ќе садам и понатаму, тоа е егзистенција за моето семејство“, вели Мицевски.

    Тутунскиот комбинат – Прилеп отвори 34 откупни пункта со 37 ваги низ земјава. Директорот, Александар Алексоски, изјави дека очекуваат интензивирање на откупот во наредните денови, а исплатата ќе се врши двапати неделно.

    „Денешната динамика е како за прв ден, во помали размери, а очекуваме деновиве откупот да се интензивира. Имаме цени највисоки од сите откупувачи, 420 денари е за прва, 360 за втора и 300 денари за трета класа тутун. Доколку откупувачите и тутунарите се договорат за повисока цена, ние тоа може да го исплатиме и дури и ретроактивно“, изјави Алексоски.

    Од Сојузот на земјоделски здруженија се задоволни од почетниот тек, но претседателот Кире Ристески порача дека не се откажуваат од барањето за повисока цена и будно ќе следат да се почитува законската забрана за увоз на ароматичен тутун додека трае домашниот откуп.

    Годинашната реколта се проценува на квалитетна, со очекувани количини од 22.000 до 24.000 тони. Откупот ќе трае до крајот на февруари.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.