Почина познатиот актер Марк Марголис

 

Актерот Марк Марголис почина вчера во Њујорк на 83-годишна возраст, пишува Дејли Мејл.

Тажната вест ја потврди неговиот син Морган Марголис.

Како што рекол, Марк починал по кратко боледување, а покрај него до последен момент биле неговиот син и сопругата Жаклин.

Кариерата ја започна во седумдесеттите, а најпознат е по улогата на Алберт Сенка во филмот „Scarface“.

Покрај тоа, тој имаше забележителни достигнувања во сериите „Oz“, „Pure Chemistry“, „Breaking Bad“ и „Better Call Saul“.

04.08.2023 - 19:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега