На 87-годишна возраст во Гостивар почина Костадинка Ѓорѓиоска Палазова, истакнат доајен на македонската народна песна. Тажната вест ја потврди нејзиното семејство, соопштувајќи дека Палазова починала синоќа, на 28 јануари, по кратко боледување.

Палазова ќе остане запаметена по својата богата музичка ризница од над тристотини снимени народни песни, тематски нераскинливо врзани за егејскиот крај. Родена во кукушкото село Сехово во 1939 година, таа како жртва на егзодусот се населува во Гостивар, каде го поминува својот живот.

Освен по музичката кариера, таа беше позната и по својот придонес во образованието:

„Работниот век го помина како просветен работник. Таа речиси една деценија живеела и работела во Швајцарија.“

Погребот ќе се изврши денеска, 29 јануари, на новите градски гробишта во Гостивар.

Exit mobile version