Бизнисменот од Ѓаковица, Хекуран Хоџа, кој беше на листата на кандидати за пратеници на Алијансата за иднината на Косово (АИК), е пронајден мртов во своето возило во населбата Ветерник во Приштина. Случајот предизвика голем шок во косовската јавност, со оглед на тоа што Хоџа беше активен учесник во тековните изборни процеси.

Полицијата и државниот обвинител веднаш излегле на терен и започнале истрага за утврдување на причините за смртта.

„Околу 15:00 часот добивме пријава дека во возило во Приштина има лице без знаци на живот. Полицијата, во координација со обвинителот, презема сите дејствија за целосно расветлување на случајот“, изјави портпаролот Енис Плана.

Exit mobile version