Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М.Б. во својство на Претседател на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “Злоупотреба на службена положба и овластување” од чл.353 ст.4 в.в ст.1 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.
Пријавениот М.Б. во својство на Претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија, ја злоупотребил својата службена положба и овластување, на начин што, спротивно на Законот за енергетика и Правилникот за лиценци иако бил должен да отпочне постапка за одземање на лиценца за вршење на енергетска дејност, трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт-трговија на големо со еуродизел БС (Д-Е V), биодизел, еуросупер БС 95, екстра лесно 1 (ЕЛ-1) и течен нафтен гас (ТНГ) на правното лице ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје, поради неисполнување на законски пропишаните услови, донел незаконско Решение за прекин на постапката и наместо лиценцата да биде одземена на 15.01.2024 година, истата е одземена дури на 14.04.2025 година, со што ѝ овозможил на компанијата противзаконски да продолжи со вршење на енергетска дејност 15 месеци по истекот на законските услови и да учествува и да склучува договори по однос на јавни набавки.
Со горенаведените дејствија, пријавениот ги повредил прописите кои бил должен да ги спроведува и му овозможил на правното лице ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје да оствари вкупен промет во висина од 194.520.962,00 денари и да се стекне со противправна имотна корист во износ од 14.093.576 денари.
Актуелно
- Еве што значат новите визи за возачите на камиони – се огласи потпретседателката на Европската комисија
- Герасимовски: Паричната помош за новороденче во Центар се зголемува од 7 000 на 10 000 денари
- Николоски со план од четири точки: Еве како може да се реши проблемот кој ги закочи македонските транспортери
- Стоименов од АПИС: Најдобар закон е оној кој е спроведлив и кој го одразува менталитетот
- Ужас во неготинско: Четворица силувале 13-годишно девојче, ја удирале и навредувале, обвинителството бара итен притвор
- Одлична вест од Брисел: ЕУ воведува специјални визи за камионџиите
- УХМР со предупредување: Подгответе се, наскоро снегот се спушта и во пониските места
- Сам си направил проблеми: Уапсен жител на Добридол кој лажно пријавил дека му украле злато и пари

