Патниците на летот QS4104 на компанијата „Смартвингс“, кој во вторникот вечерта пристигна во Прага од Боа Виста, беа сведоци на ужасен настан. По слетувањето на аеродромот „Вацлав Хавел“, млада жена била пронајдена без знаци на живот во кабината на авионот.

Иако медицинските екипи реагирале веднаш по приземјувањето во 21:51 часот, тие можеле само да констатираат смрт. Случајот го потврди и чешката полиција.

„Можеме да потврдиме дека смртта на еден од патниците на летот беше пријавена во вторникот вечерта. Според првичните наоди, нема индикации за насилна смрт и најверојатно станува збор за природни причини“, изјави портпаролот на полицијата, Јозеф Урбан.

Exit mobile version