Вчера во 18:20 часот на ул.„Пролетерски бригади“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода И.М.(36) од Струга.
Претходно, тој управувајќи патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, паркирано од Б.М.(23) од с.Франгово, струшко.
По преземени мерки и извршени проверки е констатирано дека И.М. е под дејство на алкохол, односно дека има 2,25 промили алкохол во крвта, по што е задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.
Актуелно
- Сам си направил проблеми: Уапсен жител на Добридол кој лажно пријавил дека му украле злато и пари
- Метео аларм од УХМР: Се очекуваат обилни врнежи од дожд, на планините снег
- Манасиевски: Трендафилов и Деаноски ги оставија работниците без 600 евра плата за да му слугуваат на СДС
- Филмски грабеж во Гостивар: Вработена со „паник-тастер“ го избркала маскираниот напаѓач со пиштол
- Мицкоски: Законот за правична застапеност е готов, добивме зелено светло од Венециската комисија
- Падна дилер во Скопје: Полицијата му влезе дома, пронајдени марихуана и амфетамин
- Тешка сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш: „Мицубиши“ излета од патот, возачот итно пренесен во болница
- Полицијата му поднесе кривична пријава на Марко Бислимовски

