По Арсовска, и од СДСМ го класифицираа Мицкоски како „шпицен градоначалник“

По жестокото обраќање на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсковска пред неколку денови на седница на Советот на град Скопје, во кое лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го нарече „шпицен градоначалник“, во денешното соопштение и до СДСМ го прозваа Мицкоски со истата фраза.

Имено, во соопштение доставено до медиумите, од СДСМ обвинуваат дека поминале шест дека откако „шпицниот градоначалник“ Мицкоски, како што наведоа, се криел од јавноста и одбегнувал да одговори за неговата улога во тендерот тежок 136 милиони евра.

„Поминаа шест дена шпицниот градоначалник Мицкоски се крие од јавноста, одбегнува да одговори  за неговата улога во спорниот тендер вреден 136 милиони евра, обедгнува да одговори за колку тегли мед пропаѓаат проектите во Скопје?

Мицкоски самиот се промовираше како шпицен градоначалник. На партиски настан лично Мицкоски најавуваше и набавка на нови 100 автобуси за главниот град.

Поминаа месеци, изби корупциски скандал тежок 136 милиони евра, кавги и превирања внатре во ВМРО-ДПМНЕ.
Откако се скара со Арсовска, на виделина излезе дека шпицниот градоначалник Мицкоски и неговите кадри како Пирински се фатени со рацете во медот“, стои во соопштението на СДСМ.

„Шпицниот градоначалник Мицкоски да не се крие туку да излезе пред граѓаните и да одговори:

Колку тегли мед се причината што пропадна бизнисот за 100 електрични автобуси во Скопје?“, се додава во соопштението на СДСМ испратено до медиумите.

19.09.2022 - 16:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега