УХМР соопшти каде наврна најмногу дожд
Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Дојран, 16 литри на метар квадратен, а најмалку во Пожаране и Гевгелија, еден литар на единица површина. Утрово, пак, е најсвежо на Попова Шапка, осум степени, а максимални 18 степени се измерени во Гевгелија, Кавадарци, Велес и Дојран.
Како што информира УХМР, до 08 часот утрово се измерени 15 литри на метар квадратен во Охрид, 10 во Битола и Крушево, 9 во Лазарополе, 7 во Претор и Маврови Анови, 6 во Ѓуриште, 4 во Кавадарци, Пожар, Прилеп, Демир Капија и Виница, 3 во Штип, како и два во Тополчани, Струмица, Крива Паланка и Велес.
До 08:30 часот било 9 степени во Лазарополе, 11 во Маврови Анови и Крушево, 12 во Претор, 13 во Берово и Охрид, 14 во Битола, 15 во Крива Паланка, Прилеп и Виница, 16 во Тетово и Струмица, како и 17 во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Куманово и Демир Капија.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне со локален краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, особено во западните делови. Долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 32 степена. UV=7.
Во Скопје променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 28 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа