Петрушевски: Очекувам Ковачевски да ги разреши од функција функционерите кои признаа вина дека не ги почитувале законите

Пратеникот Бране Петрушевски на денешната прес-конференција како ги коментираат изјавите на функционерите дека не знаеле дека треба да поднесат анкетен лист посочи дека тоа што не знаеле дека требало да поднесат анкетни листови покажува дека ова што ВМРО-ДПМНЕ го изнесува јавноста е вистина.

„Најпрво тоа е уште еден доказ во насока на признание дека ова што ние како ВМРО-ДПМНЕ го изнесуваме во јавноста е вистина. Втора работа е зачудувачки фактот што еден истакнат правник како што е Јевтиќ не го познава правото и законите во Република Македонија и се обидува со некакво релативизирање да ја избегне својата законска обврска да пријави имот и она што е најбитно да реагираат институциите во Република Македонија кога веќе имаме признание очекувам Државната комисија за спречување на корупција да постапи во согласност со своите надлежности“, рече Петрушевски.

Пратеникот Петрушевски во врска со аферата „Тајни имоти“  укажа дека очекува Ковачевски да ги разреши двајца кои што веќе признале дека не ги почитувале законите со цел да покаже дека тој не е дел од оваа афера за прикривање на имоти.

„Најбитно очекувам од Ковачевски да ги разреши овие двајца кои што веќе признале дека не ги почитувале законите со цел да покаже дека ете тој не е дел од оваа афера за прикривање на имоти и дека не е соучесник од истата. Доколку не го стори тоа апсолутно фокусот во кој што треба да продолжи да истражуваат институциите ќе биде самиот премиер Ковачевски“, истакна Петрушевски.

26.10.2022 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега