Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Јаневска во Брисел: Создаваме услови за зачувување на младите истражувачи во земјата
    • Тозиевски: Се гради пешачко-велосипедска патека од 180 км и се инвестира во комуналната мрежа во Ресен
    • Герасимовски: Ангажирани 24 лични асистенти во училиштата во Центар, платата покачена од 15.000 на 18.000 денари
    • Потоп па стабилизација – УХМР соопшти какво време нè очекува за продолжениот викендот
    • Наумоски: Колку „странски работници“ договориле Мицкоски и Николовски?
    • Манасиевски: СДС со Филипче дојде до стадиум да се радуваат на резултатот дека се четврта партија на избори
    • Вработените ќе добијат најмалку 740 евра до 18 декември – воведен задолжителен божиќен бонус во Словенија
    • Тренчевска: Следува нов ценовен удар, од Нова години повисоки сметки за струја и парно
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Петрушевски: Извештајот од Анкетната комисија во Собранието, треба да биде доставен до Владата и ЈО

    Петрушевски: Извештајот од Анкетната комисија во Собранието, треба да биде доставен до Владата и ЈО

    28.11.2025 во 20:003 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денеска гостуваше во емисијата ,,Само вистина“ на Канал 5 телевизија, каде се осврна на темата за Анкетната комисија во Собранието. Тој нагласи дека суштината не е само водење на дневна политика, туку менување на системот. Затоа, според него, кога веќе во Собранието ќе има Анкетна комисија, тој извештај покрај тоа што ќе се достави до Владата, треба да се поднесе и до Јавното обвинителство, со цел истото понатаму да преземе конкретни чекори.

    ,,Ние во континуитет велевме дека да почне судењето, да се заврши обвинителниот акт и она кое што беше тогаш разговарано и ќе имаме една Анкетна комисија во Собранието, која што ќе разговара за сите овие теми кои што беа наведени, но вклучително и за други несреќи кои што останале така и кои што исто така заслужуваат утврдување на одговорност“, вели Петрушевски и додава:

    ,,Суштината не ни е да водиме дневна политика, туку да го менуваме системот. Ни треба една ваква се опфатна анкетна комисија која што ќе ги истражи сите случаи кои што се случиле во Република Македонија“.

    Според него, СДС не го испочитува Деловникот, со тоа ги занемари пратениците од власта.

    ,,Не го испочитуваа Деловникот во делот на составот на таа Анкетна комисија и си предложија број на пратеници, кои што ќе учествуваат во таа комисија, претежно од опозицијата, занемарувајќи ги пратениците од власта, иако членот 124 од Деловник утврдува дека Анкетна комисија се формира согласно пропорционално на бројот на пратениците кои што се застапени во парламентот“, кажа Петрушевски.

    Петрушевски посочи дека поднесена е одлука со легитимитет од 75 пратеници кои се потпишани на неа, меѓутоа има и неколку суштински разлика по она кое што беше претходно поднесено од страна на опозициската СДС.

    ,,Првата е опфатот на несреќите, кое што веќе го коментиравме. Второто е откако ќе заврши со работа таа Анкетна комисија, извештајот  покрај до Собранието и до Владата да биде доставен и до ЈО. Тоа го немаше во оваа предлог одлука на СДСМ. Кога веќе Собранието ќе работи една таква Анкетна комисија, на еден таков случај, добро е за правдата во Република Македонија,  тој извештај да отиде до ЈО и ЈО да си ги преземе сите чекори кои што треба да ги преземе, не само за Кочани, вклучително и другите кои што се случиле, а кои што останале под превезот на неиспочитување на она кое што значи законска процедура и носење на правда во Република Македонија“, истакнува Петрушевски.

    Прочитај повеќе

    Тозиевски: Се гради пешачко-велосипедска патека од 180 км и се инвестира во комуналната мрежа во Ресен

    22.10.2026 во 12:27

    Наумоски: Колку „странски работници“ договориле Мицкоски и Николовски?

    22.10.2026 во 11:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.