Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година

    07.10.2026 во 10:13

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во близина на минхенскиот аеродром забележана дива мачка за која се сомнева дека е пума
    • Разбиен синџир за шверц со мачки – Украдени илјадници миленици за месо во Виетнам
    • Најстудено вечерва во Берово – Погледнете ги измерените температури во 23 часот
    • СЗО бара официјални информации од Русија: Истрага за смртта на научничка во Иркутск по сомневањата за белодробна чума
    • Во петок можни се пречки во мрежите и ГПС – се очекува умерена геомагнетна бура од категорија G2
    • Инцидент во рудникот „Трепча“: 63 рудари останаа заглавени под земја
    • Танкер погоден од повеќе ракети во близина на Катар – има жртви
    • Татко случајно ја усмрти тригодишната ќерка со земјоделска машина во сопствениот двор – Трагедија во Албанија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Охрид останува под лупа на УНЕСКО: Државата доби нов рок за исполнување на препораките

    Охрид останува под лупа на УНЕСКО: Државата доби нов рок за исполнување на препораките

    24.07.2026 во 10:45Updated:24.07.2026 во 10:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, на годишната сесија што се одржува во јужнокорејскиот град Бусан, донесе одлука да го одложи впишувањето на Охридскиот Регион на Листата на светско наследство во опасност.

    На државата ѝ е даден дополнителен рок од пет години за спроведување на препораките поврзани со заштитата на природното и културното наследство.

    Одлуката ѝ овозможува на Македонија да ги реализира мерките што УНЕСКО со години ги посочува како неопходни за зачувување на статусот на Охридскиот Регион како светско културно и природно наследство.

    Препораките на УНЕСКО се однесуваат на спречување на неконтролираната урбанизација и нелегалната градба, подобрување на урбанистичкото планирање, заштита на природните вредности на Охридското Езеро, подобро управување со регионот, зачувување на културното наследство и ограничување на притисокот од туризмот.

    Меѓу барањата е и изготвување целосна Стратегија за управување со регионот со јасно дефинирани цели, рокови, одговорни институции и механизми за следење на резултатите.

    УНЕСКО во повеќе извештаи предупреди дека кумулативниот ефект од урбанизацијата, инфраструктурните проекти и недоволната контрола може да ја наруши исклучителната универзална вредност поради која Охридскиот Регион беше впишан на листата на светско наследство во 1979/1980 година.

    Дел од експертите сметаат дека евентуалното ставање на регионот на Листата на светско наследство во опасност би овозможило дополнителна поддршка, експертиза и механизми од УНЕСКО за надминување на проблемите што доведоа до сегашната состојба.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Најстудено вечерва во Берово – Погледнете ги измерените температури во 23 часот

    07.10.2026 во 23:30

    Филипче: Новата платформа на поранешни функционери е проект на Мицкоски за раситнување на опозицијата

    07.10.2026 во 22:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.