Close Menu
Press24
    Најново

    Од утре задолжително за сите возачи – еве што мора да имате во автомобилот за да избегнете казна од 45 евра

    14.11.2026 во 10:30

    Денеска се празнува споменот на светите бесребреници Козма и Дамјан

    14.11.2026 во 10:09

    Денеска не излегувајте без чадор, од понеделник следува пресврт

    14.11.2026 во 10:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Од утре задолжително за сите возачи – еве што мора да имате во автомобилот за да избегнете казна од 45 евра
    • Денеска се празнува споменот на светите бесребреници Козма и Дамјан
    • Денеска не излегувајте без чадор, од понеделник следува пресврт
    • ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за теренски активности низ општинските комитети, во фокусот и Алта банка, како и средбата со ВРЕДИ
    • Мицкоски најави повисок студентски оброк и дополнителни попусти: Новиот модел во функција од следната академска година
    • Зимата пристигна во Хрватска: Падна првиот снег, на планините се очекуваат до 30 сантиметри снежна покривка
    • Во емисијата на Елтон Џон, кралот ја одбележа 50-годишнината на својата добротворна организација
    • Меланија Трамп ги претстави новите божиќни украси, но цените предизвикаа лавина реакции
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Од утре задолжително за сите возачи – еве што мора да имате во автомобилот за да избегнете казна од 45 евра

    Од утре задолжително за сите возачи – еве што мора да имате во автомобилот за да избегнете казна од 45 евра

    14.11.2026 во 10:303 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од утре, 15 ноември возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.

    Како што информира Министерството за внатрешни работи, задолжителното поседување зимска опрема е согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. 

    Согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата како зимска опрема за моторни возила кои не надминуваат 3 500 килограми се: зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри, пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 милиметри, ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

    – За моторни возила со погон на четири тркала (4×4): зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 милиметри, пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 милиметри, ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина, се наведува во соопштението. 

    За моторни возила кои надминуваат 3 500 килограми потребни се: зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 милиметри, пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 милиметри, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала. 

    Автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.

    Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS“, „M+S“, „M & S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

    Согласно одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.

    – Апелираме до возачите да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови, стои во соопштението од МВР.

    Прочитај повеќе

    Денеска не излегувајте без чадор, од понеделник следува пресврт

    14.11.2026 во 10:02

    ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за теренски активности низ општинските комитети, во фокусот и Алта банка, како и средбата со ВРЕДИ

    14.11.2026 во 00:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.