Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата работи на нов системско уреден модел за субвенционираниот студентски оброк, кој покрај зголемени финансиски средства за студентите, ќе донесе и низа дополнителни поволности и попусти.
Според најавите, новиот модел предвидува значително зголемување на месечниот износ за студентски оброк – од досегашните околу 3.500 денари на 4.500 денари. Освен повисоката парична сума, се планира студентите преку новите дигитални решенија и услуги да добијат можност за остварување посебни попусти при купување храна и користење други услуги.
Целта на новите мерки е подобрување на студентскиот стандард, а новиот модел се очекува целосно да стапи во сила и да се применува од почетокот на новата академска година, обезбедувајќи практична поддршка за секојдневните потреби на младите.

