Close Menu
Press24
    Најново

    Во емисијата на Елтон Џон, кралот ја одбележа 50-годишнината на својата добротворна организација

    13.11.2026 во 23:21

    Меланија Трамп ги претстави новите божиќни украси, но цените предизвикаа лавина реакции

    13.11.2026 во 23:04

    Гренланд се враќа на старата временска зона: Парламентот ја изгласа одлуката покрај предупредувањата на премиерот

    13.11.2026 во 22:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во емисијата на Елтон Џон, кралот ја одбележа 50-годишнината на својата добротворна организација
    • Меланија Трамп ги претстави новите божиќни украси, но цените предизвикаа лавина реакции
    • Гренланд се враќа на старата временска зона: Парламентот ја изгласа одлуката покрај предупредувањата на премиерот
    • Писмо на Иран до МААЕ: Нема разговори за нуклеарен надзор додека сме под закана од напади
    • Ѓорѓиевски по повод 13 Ноември: Да изградиме Скопје што гордо ќе им го предадеме на идните генерации
    • Костовски до советниците од ДУИ и Влен во Бутел: Не се кријте зад лажен национализам
    • СЗО: Постигнат е напредок во одговорот на епидемијата на ебола
    • Гаши: Опозициските прашања ќе бидат повторени, Собранието ги донесе измените на Законот за јавни набавки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Во емисијата на Елтон Џон, кралот ја одбележа 50-годишнината на својата добротворна организација

    Во емисијата на Елтон Џон, кралот ја одбележа 50-годишнината на својата добротворна организација

    13.11.2026 во 23:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Британскиот крал Чарлс му се придружи на Елтон Џон во специјално издание на радиоемисијата на пејачот – „Рокет аур“ (Elton John’s Rocket Hour), на платформата „Епл мјузик” (Apple Music), по повод одбележувањето на 50-годишнината од основањето на „Кралскиот фонд“ (The King’s Trust) и за да им оддаде почит на музичарите кои ја поддржуваат оваа добротвoрна организација за млади, соопшти Бакингемската палата. Епизодата од емисијата, снимена во новите радио-студија на „Епл“ во Лондон, ќе биде емитувана утре – 14 ноември, на 78. роденден на кралот Чарлс Трети.

    „Рокет аур“ е неделна емисија којашто од 2015 година се емитува ширум светот на платформата „Епл мјузик 1“. Додека сè уште беше принц од Велс, монархот го основаше „Принцовиот фонд“ (The Prince’s Trust) – користејќи ги средствата што ги добил при заминувањето од Кралската морнарица, со цел да им помогне на младите луѓе во неповолна положба да се подготват за пазарот на трудот, да најдат вработување или да почнат со сопствен бизнис. По неговото стапување на престолот, организацијата беше преименувана во „Кралски фонд“; според изворни податоци, досега се поддржани повеќе од еден милион млади луѓе.

    – Музиката отсекогаш била во срцето на „Принцовиот фонд“, а сега и на „Кралскиот фонд“. Оваа емисија претставува можност да се истакнат, како изведувачите кои го поддржувале „Фондот“, така и помладите уметници на кои тој им помогнал на почетокот на нивните кариери, изјави кралот.

    Во емисијата, тие се потсетија на разните добротворни концерти – од рок-спектаклите на „Вембли арена“ во 1980-тите, па сè до настапите во „Хајд парк“ и „Ројал Алберт хол“. Меѓу нив е и британскиот рок-бенд „Мјуз“ кои, во времето кога сè уште настапуваа под своето претходно име, „Рокет бејби долс“, добија финансиска помош за набавка на музичка опрема. Според наводите, во 2018 година, групата одржа концерт пред распродадена сала во „Ројал Алберт хол“, наменет токму за поддршка на оваа фондација.

    – Кога поддржувате млад уметник и му покажувате дека верувате во него, тоа прави огромна разлика. Младите луѓе се нашата иднина, додаде Џон.

    Во 2021 година, во замокот Виндзор, музичкиот ветеран доби признание од тогашниот принц од Велс за неговиот придонес во музиката и добротворната дејност. Како еден од најпродаваните музичари на сите времиња – со хитови како „Рокетмен“ (Rocket Man), Елтон Џон беше прогласен за витез од страна на кралицата Елизабета во 1998 година.

    Прочитај повеќе

    Меланија Трамп ги претстави новите божиќни украси, но цените предизвикаа лавина реакции

    13.11.2026 во 23:04

    Во сабота е голем празник

    13.11.2026 во 11:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.