Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе се засилува. Минималните температури ќе се движат од 8 до 12 степени, додека максималните ќе достигнат од 12 до 19 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и услови за појава на слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, со минимална температура од 10 и максимална до 13 степени.
Според најавите на метеоролозите, утре во попладневните часови наместа повторно ќе има повремени врнежи од дожд. Од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во средината на седмицата кога се очекуваат пообилни врнежи од дожд, особено во западните делови, придружени со умерен до засилен ветер од јужен правец.

