Обид за убиство во Гостивар: Приведени три лица, а вмешан и еден малолетник

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) и со член 22 од Кривичниот законик.

Тројцата обвинети заедно со еден малолетник, на 14 јуни, пред пицерија во Гостивар, се обиделе да лишат од живот едно лице. По банална расправија пред пицеријата, четворицата го нападнале оштетениот и со удари во главата и стомакот му нанеле тешки телесни повреди.

Постапувајќи по предлогот на надлежниот јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар на тројцата полнолетни осомничени им определи мерка притвор во траење од 30 дена.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.06.2020 - 16:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега