Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштањето во употреба на реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје.
На настанот ќе присуствува и министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Како што информираат од Владата, предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите.

