Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нови скејт-паркови, велосипедски патеки и кејови: Делчево и Берово со силна градежна офанзива преку ИПА фондовите

    Нови скејт-паркови, велосипедски патеки и кејови: Делчево и Берово со силна градежна офанзива преку ИПА фондовите

    25.02.2026 во 15:473 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински оствари работни посети на општините Делчево и Берово.

    Министерот средбите со градоначалниците Ружински и Гоцевски и членовите на Советите ги искористи за дискусија за прашањата од значење за локалниот развој, за можностите кои им се ставени на располагање преку Ресурсниот центар, како и за процесот на ажурирањето на базите на даночни обврзници кој директно ќе придонесе кон зајакнување на самоодржливоста на општините.

    Во фокусот на разговорите беше и информацијата дека од минатата недела се активни двата јавни повика наменети за проекти што ќе придонесат за рамномерен регионален развој — преку Програмата за намалување на диспаритетите и Програмата за рамномерен регионален развој. За оваа намена се обезбедени вкупно 223.423.000 денари.

    „Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој стојат на располагање на општините за споделување на дополнителни информации и поддршка во процесот на аплицирање со предлог проекти“ потенцираше министерот Перински.

    Во Берово посебен акцент беше ставен на проектот „Нискојаглеродна InFinity патека“, финансиран во рамки на првиот повик од ИПА III Програмата за прекугранична соработка Interreg (VI-A) Бугарија – Северна Македонија, во рамки на Приоритет 3 „Интегриран развој на пограничниот регион“. Проектот има за цел зајакнување на туристичката понуда и ревитализација на регионот.

    „Во рамки на проектот, Општина Берово ќе ја реконструира 22- километарската оф-роуд велосипедска патека околу Беровско Езеро, а ќе се изгради и современ вело-хаб со сервисни и санитарни содржини. Овие инвестиции директно ќе придонесат за зголемување на бројот на посетители, продолжување на туристичката сезона и поттикнување на локалната економија“ нагласи градоначалникот Ружински.

    Вредноста на проектот за Берово изнесува 117.736 евра, од кои 15% се кофинансирање од Министерството за локална самоуправа.

    Во Делчево беше извршен увид на проектот од областа на туризмот „Интегрирани прекугранични туристички акции во регионот Благоевград–Делчево“, кој се спроведува во рамки на првиот повик од ИПА III Програмата за прекугранична соработка Interreg (VI-A) Бугарија – Северна Македонија, во рамки на Приоритет 3 „Интегриран развој на пограничниот регион“.

    „Во моментов во Делчево интензивно се работи на изградба на скејт-паркот-катче за младите за рекреација и забава и уште една понуда спакувана во туристичката приказна на Делчево. Истовремено течат градежните работи за изградба на кејот на река Брегалница возводно во должина од 300 метри со што директно се влијае во заштитата од опасноста од поплави, а коритото на реката ќе се уреди со што ќе се промени сликата во централното градско подрачје и ќе прерасне во убаво место за рекреација“ изјави градоначалникот Гоцевски.

    Вредноста на проектот за Делчево изнесува 347.636 евра, од кои 15% се обезбедени како кофинансирање од Министерството за локална самоуправа.

    Министерот изрази задоволство од динамиката на работа на градоначалниците, посочувајќи дека локални раководства покажуваат сериозна посветеност во справувањето со тековните предизвици.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.