Нова средба Заев - Гаши: Финален договор за 7 дена?
Заев и Гаши најверојатно викендов повторно ќе седнат на заедничка маса. Иако се уште нема официјална потврда на информацијата за нова лидерска средба, според неофицијални информации таа ќе се одржи во сабота или недела, повторно во Клубот на пратеници.
Четвртата средба Заев-Гаши се очекува да донесе конкретни договори, по приближувањето на ставовите од средбата од претходниот ден. Двајцата лидери на досегашните средби разговарале за програмски прашања и принципиелна поделба на надлежностите.
Во медиумите утрово проструи информација дека новата средба меѓу Заев и Гаши би можела да се одржи утре, но од двата табори велат дека поголеми изгледи тоа да се случи има за време на викендот.
Првиот тест за новото мнозинство ќе биде 9 декември за кога е закажана седница на Собранието на која меѓу точките во собраниска расправа треба да влезе и Буџетот за идната година. Иако опозицијата најави дека нема да ја проблематизира оваа постапка, сепак, на СДСМ и ДУИ ќе им треба мнозинство за да можат да го изгласаат дневниот ред на седницата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа